Утрински Весник
Магазин

Сара Џесика Паркер сподели сувенир од „Сексот и градот“

Сара Џесика Паркер сподели сувенир од „Сексот и градот“

Сара Џесика Паркер „откопа“ класично парче сувенир од „Сексот и градот“ пред рестартирањето на хит-серијата.

Во понеделникот, 56-годишната актерка на својот Инстаграм објави фотографии со сандали од маестралниот дизајнер Маноло Бланик, кои нејзиниот лик Кери Бредшо ги носеше во серијата. Имено, во една од епизодите Кери видно се потресе кога откри дека кучето на тогашниот партнер Ајдан Шо ѝ ги изџвакал нејзините омилени обувки.

 

Сандалите славно ги уништи кучето Пит во четвртата сезона на хит-серијата.

Во објавата на социјалната мрежа, таа го означи официјалниот профил на претстојната рестартирана серија на Ејч-би-о макс“.

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години