Утрински Весник
Македонија

Санирана привремената дива депонија кај Негорци

Санирана привремената дива депонија кај Негорци

Гевгелија, 16 март 2020 (МИА) – Екипа на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија повторно ја санираше привремената дива депонија покрај локалниот пат од Негорци до потпланинското село Серменин, соопштија денеска од комуналното претпријатие и воедно најавија дека деновиве и патот ќе биде целосно исчистен од остатоците на отпадот.

-Депонијата неколку пати беше чистена од наши екипи, а овој пат упатуваме апел до жителите на Негорци дека ќе се применуваат казнени санкции од причина што од петокот нашите камиони почнаа со подигање на комуналниот отпад од Негорци, кое ќе се врши три пати во неделата, поточно во понеделник, среда и петок, а во селото дополнително ќе бидат поставени и уште десетина контејнери за одложување на отпад, велат комуналците.

Покрај ова од ЈПКД „,Комуналец“ од Гевгелија се известуваат жителите на Негорци дека доколку побараат, на располагање им се става и услуга за бесплатно подигање на нестандарден комунален отпад со возило на комуналното претпријатие, поради што нема да се толерира понатамошното користење на санираната дива депонија. им/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели