Утрински Весник
Спорт

Сампдорија со импресивен број на заразени од коронавирус

Сампдорија со импресивен број на заразени од коронавирус

Џенова, 18 март 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Сампдорија, Јакуб Јанко изјави дека најмалку 15 лица во клубот се веќе заразени со коронавирус кој се шири низ Италија и Европа.

Пред само неколку дена, петмина играчи на тимот излегоа позитивни за вирусот, при што вториот играч во Серија „А“, кој беше позитивен, беше стрелецот од Џенова, Маноло Габиадини. Јанко вели дека од тогаш бројот на заразени лица постојано се зголемува.

– Јас и целото семејство сме во карантин во нашиот стан, па затоа е жално да се ограничиме на толку мал простор. Јас бев во директен контакт со некои мои соиграчи кои се болни. Оттогаш, случаите се веќе 15 или повеќе, опиша тој.

Тој сепак изјави дека не е сигурен дали е болен со коронавирусот.

– Засега се чувствувам добро, но можеби симптомите сè уште не се активирани. Јас се обидувам да ги следам упатствата и да не размислувам за тоа, посочи фудбалерот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп