Утрински Весник
Македонија

Само што почна, расправата по законот за ЈО заглави во процедурални забелешки

Само што почна, расправата по законот за ЈО заглави во процедурални забелешки

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Во Собранието претпладнево продолжи седницата на чиј дневен ред е Предлог-законот за јавно обвинителство, а почетокот на продолжението помина во меѓусебно обвинување на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за тоа  кој сака или не сака да се донесе ова законско решение, кој сака или се плаши да оди на предвремените парламентарни избори, или кој сака да се заштити од направените криминали. По ова, претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза од еден час.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски рече дека тие како партија имаат став дека треба да бидат донесени законите, па да се распушти Собранието и да се оди на избори. Ова, рече тој, е наш став кој повеќепати сме го објавиле.

-Нашите пратеници ќе се откажат од збор за побрзо да се заврши рсправата и да се донесе она што е во интерес на граѓаните, па да се распуштиме и да одиме на избори, истакна Митревски.

На ова реплицираше неговиот колега, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески, кој истакна дека тоа што одредени законски решенија не се донесени е резулат на неспособноста за организација. Испративте 200 закони по скратена постапка последниве месеци, рече тој, а тоа сакате да го направите и со Законот за јавно обвинителство, кој ќе има одложено дејство. Тоа, потенцира е резултат на желбата да се спаси власта од криминалните дејства што ги има направено.

-Кажете пред македонската јавност – ги знаете рејтинзите и се плашите од избори, рече Мицевски.

Тој рече дека кога кај претседателот Пендаровски биле договорени изборите и датумот 12 април на предлог на претседателот на СДСМ Зоран Заев не биле поставени никакви услови.

Митревски возврати дека доцнењето на донесувањето на одредени решенија во голем дел се должи и на тоа што не биле закажувани или биле одложувани комисиите чии претседатели се пратеници од ВРМРО-ДПМНЕ. Во врска со законот за јавно обивинителство, тој им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе направат се тој да не помине во Собранието.

-Ајде да го донесеме овој закон и јас ставам бланко потпис уште денеска да се распуштиме и да одиме на избори, рече Митревски.

Пред почетокот на седницата во Собранието се одржа координација на пратеничките групи кај претседателот на Собранието Талат Џафери.

На ова забелешка имаше пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Емилија Александрова која побара објаснување од Џафери зошто не биле повикани на таа координација.

-Ние на редовни координации кои се одржуваат во понеделник се договараме како ќе тече седницата и воспоставуваме општи насоки. Во меѓувреме ако се појават разлики во однос на нешатата, јас на координација ги повикувам тие кои имаат различни дилеми, реплицираше Џафери.

Тој уште и додаде дека сака јавноста да знае оти тој не е виновен за несвикување или одложување на седниците, бидејќи како што истакна, тоа се должи токму на разликите што се појавуваат дополнително од однос на одредени прашања.

Во законодавниот дом за денеска се планирани две  седници. На првата на дневен ред е Предлог законот за јавно обвинителство за кој е потребно двотретинско мнозинство, а на втората, закажана за 15 часот попладне е предлогот на премиерот Оливер Спасовски за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. сст/лв/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал