Утрински Весник
Македонија

Само едно лице не ја почитувало самоизолацијата, 37 приведени поради непочитување на забраната за движење

Само едно лице не ја почитувало самоизолацијата, 37 приведени поради непочитување на забраната за движење

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие, според евиденцијата на МВР, само едно лице не ја почитувало самоизолацијата, а 37 биле приведени поради непочитување на забраната за движење.

Во изминатите 24 часа, според евиденцијата на МВР, на територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

Од МВР информираат дека, полицијата, во соработка со другите институции во изминатото деноноќие извршила и контрола врз 222 угостителски и други објекти, и во три случаи за три објекти е констатирано непочитување на владините мерки и одлуки.

По однос на контролата на забраната за движење од 21 до 05 часот утврдено е дека 66 лица не ја почитувале забраната при што приведени биле 37 лица, а за другите се изготвени записници и ќе бидат поднесени соодветни пријави. ир/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи”одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Околу еден час се чека на ГП Богородица и Дојран, а 40 минути на Табановце