Утрински Весник
Култура

„Само глас“ гостува на 29. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

„Само глас“ гостува на 29. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Македонскиот народен театар со претставата „Само глас“ ќе гостува на 29. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Претставата ќе се одигра на 11 септември со почеток во 19:00 на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица.

Покрај МНТ, на фестивалот годинава ќе учествуваат десет продукции од нашата земја и странство, меѓу кои се театарските куќи од Србија, Бугарија и Хрватска.

Ова за МНТ и претставата „Само глас“ е трето фестивалско претставување, а следното гостување на комуникациската модерна драма е предвидено за 12 октомври на Интернационалниот театарски фестивал Јоакимфест во Р Србија.

Текстот „Само глас“ гостува на 29. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“