Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Само вчера пријавени се четири случаи на семејно насилство низ Македонија

Само вчера пријавени се четири случаи на семејно насилство низ Македонија
Img 7972

Полицијата јави за четири случаи на семејно насилство кои во текот на вчерашниот ден се одвивале низ територијата на Македонија.

Поливина од нив се однесуваат на напад врз жени. Имено, вчера  на улицата Прохор Пчински во Крива Паланка, полициски службеници го привеле М.П.(63) што физички ја нападнал неговата 59-годишна сопруга. Вториот настан е во Неготино, каде полициски службеници го привеле О.Н.(52) поради напад врз неговата 45-годишна сопруга.

Во Крива Паланка се случил уште еден напад. Според полициските информации, приведен е А.Н.(55) од с.Ранковце оти физички го нападнал неговиот брат.

Истовремено, од слобода е лишен и велешанец кој се обидел со нож да го повреди неговиот 39-годишен син.

Од МВР велат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?

Кривични пријави за две сопственички на старски домови – давале храна со поминат рок и ги малтретирале згрижените лица

Уапсени двајца скопјани – запалиле три возила во Аеродром