Утрински Весник
Свет

Самоубиствен напад во Триполи

Самоубиствен напад во Триполи

Силна експлозија одекна денес во Триполи, потврдија за „Ројтерс“ граѓаните на либиската престолнина, а густиот црн чад се креваше високо над градските улици.

Локалните медиуми објавија дека станува збор за напад на бомбаш самоубиец кој со мотоцикл дошол до раскрсницата на најголемиот пат што се влева во Триполи од исток, но информацијата не ја потврдиле властите.

Во јуни, по 14 месеци борба, опсадата на Триполи и повеќемесечното гранатирање на градот од страна на силите на командантот Калиф Хафтар беа запрени.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија