Утрински Весник
Култура

Самостојна изложба на уметникот Зоран Арсовски во Истанбул

Самостојна изложба на уметникот Зоран Арсовски во Истанбул
Dik 300x250 mk

Самостојна изложба на слики на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата, со наслов „Космички бумеранг“, ќе биде отворена во Културно-информативен центар на Македонија во Истанбул, Турција, денеска, со почеток во 14 часот.

Проектот е од национален интерес во културата од годишната програма за 2020 година, кој е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија.

Зоран Арсовски – Бабата е роден 1980 година во Куманово. Дипломирал 2005 година и магистрирал 2007 година на Националната ликовна академија во Софија, Р. Бугарија, насока сликарство, во класата на професорите Божидар Бијаџиев и Станислав Памукчиев. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

Досега има реализирано 13 самостојни изложби, учествувал на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти и симпозиуми во земјата и странство. Работи во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Има работно искуство во сферата на штафелајското сликарство во познатите класични и негови нови сликарски техники, изработува фрескоживописи, икони, сценографии, илустрации и дизајн.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“