Утрински Весник
Спорт

Салах или Мане, кој ќе оди на СП?

Салах или Мане, кој ќе оди на СП?

Вечерва ќе бидат познати претставниците на Африка на Светското првество во Катар (21.ноември – 18.декември).

Дербито е во Дакар, Сенегал со Садио Мане ќе го пречека Египет на Мохамед Салах. Египќаните со минимална предност од првиот меч ќе влезат во реваншот. Околу 21 часот ќе биде познато која од ѕвездите на Ливерпул нема да игра во Катар.

Со предност од првите натпревари, во реваншите на домашен терен ќе влезат Алжир против Камерун и Тунис против Мали. Во добра позиција е и Мароко, поради нерешениот резултат во ДР Конго (1:1).

Реваншот со 0:0 ќе го започнат Нигерија и Гана.

Во овие баражи важи правилото гол во гости.

19 ч. Сенегал-Египет (0:1)
19 ч. Нигерија-Гана (0:0)

21.30 ч. Алжир-Камерун (1:0)
21.30 ч. Мароко-ДР Конго (1:1)
21.30 ч. Тунис-Мали (1:0)

> Салах или Мане, кој ќе оди на СП? <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина