Утрински Весник
Спорт

Саки: Ливерпул нема играч од светска класа

Виљареал и Ливерпул вечерва го играат реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Ливерпул на гости како голем фаворит ја брани предноста од 2:0.

Легендарниот италијански тренер Ариго Саки не е импресиониран од Ливерпул. Трофејниот тренер на Милан од 90-тите години на минатиот век, смета дека тимот на Јирген Клоп во тимот нема играч од светска класа.

„Ливерпул нема играчи од светска класа. Кога Салах беше во Италија, тој беше само добар играч, но не и светска класа. Ливерпул игра со многу високо темпо и интензитет”, изјави 76-годишниот Италијанец.

Саки во својата кариера ги водеше Парма, Милан и Атлетико Мадрид, а од 1991 до 1996 година беше селектор на Италија. Со Италија беше светски вицешампион во САД во 1994 година.

> Саки: Ливерпул нема играч од светска класа <

Можете да прочитате

Ќерката на Родман стана најплатена фудбалерка во светот

Бранителот на Купот Вардар против Охрид во четвртфиналето

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите