Утрински Весник
Спорт

Саинс ќе стартува последен во Турција

Саинс ќе стартува последен во Турција

Возачот на Ферари, Карлос Саинс јуниор, трката за Големата награда на Турција ќе ја стартува од последната позиција. Ферари, во пресрет на викендот во Турција го смени моторот во болидот на Саинс.

Ферари во Турција ќе биде и без шефот Матија Биното. Случувањата во Турција тој ќе ги следи од фабриката во Маранело.

Италијанскиот тим и минатата трка ја стартуваше од последниот ред. За трката во Русија, нов мотор доби Шарл Леклер.

Има најави дека друштво во последниот ред на Саинс ќе му прави актуелниот шампион, Луис Хамилтон. Мерцедес допрва ќе реши дали ќе ја менува погонската единица во болидот на Хамилтон или тоа ќе го остави за некоја од наредните трки.

Трката во Турција ќе се вози во недела.

> Саинс ќе стартува последен во Турција <

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација