Утрински Весник
Култура

Саем на книга во арена „Борис Трајковски“ од 3 до 9 мај

Саем на книга во арена „Борис Трајковски“ од 3 до 9 мај

34. издание на Саемот на книга се враќа во редовниот, пролетен термин на одржување. Оваа година ќе се одржи од 3 до 9 мај, во Арена „Борис Трајковски“, под покровителство на Министерството за култура, кое традиционално ја поддржува оваа  културна манифестација.

Сите значајни издавачки куќи најавија дека ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти за време на саемските денови. Учество најавија и издавачки куќи од регионот.

Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците и училиштата.

Текстот Саем на книга во арена „Борис Трајковски“ од 3 до 9 мај е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“