Саемот на книга денеска го одбележува 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, по тој повод ќе се одржи промотивен настан насловен како „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” со почеток во 19:00 часот во Промотивниот центар во Арена „Борис Трајковски“.
На промотивниот настан ќе се даде осврт на најзначајните творци на македонската книжевност: Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев…
Саемот на книга трае до 9. мај со работно време од 10:00 до 20:00 часот.
Текстот Саемот на книга го одбележува Денот на македонскиот јазик е превземен од МАКФАКС.