Утрински Весник
Свет

САД ќе додадат уште богати Руси на листата на санкции

САД ќе додадат уште богати Руси на листата на санкции

Соединетите Држави се подготвуваат да ги прошират санкциите воведени против руските олигарси, нивните компании и членови на семејствата поради рускиот напад врз Украина, објави денеска Вашингтон пост, повикувајќи се на три лица запознаени со мерките.

Белата куќа и Министерството за финансии подготвуваат список на лица кои делумно ќе ги покријат санкциите на Европската унија во понеделник, наведува весникот, пренесува Ројтерс.

На списокот ќе се најде и Алишер Усманов, сопственик на конгломерат за производство на железо и челик, објави Пост.

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег