Утрински Весник
Свет

САД ја заменуваат венецуелската нафта за руски производи

САД ја заменуваат венецуелската нафта за руски производи

САД во изминатата година и половина го зголемуваат увозот на гориво од Русија откако воведоа санкции за извозот на нафта од Венецуела, пренесува РТ цитирајќи ги податоците на „Рефинитив Еикон“.

Тешката сурова нафта од Венецуела е погодна за преработка во комплексните рафинерии на Голфското крајбрежје на САД, но санкциите гп прекинаа дотокот на венецуелска нафта во САД.

Минатата година, кога САД ги наметнаа санкциите кон Венецуела, рафинерите почнаа да го зголемуваат увозот на гориво од Русија, увезувајќи рекордни 11 милиони тони за целата 2019 година, двојно од увозот од Русија во претходната година.

Оваа година до јуни, американскиот увоз на гориво од Русија изнесуваше 5,3 милиони тони и во моментов е на пат да го достигне минатогодишниот рекорден увоз, според податоците на „Рефинитив Еикон“.

Вкупниот увоз на сурова нафта и нафтени производи од Русија значително се зголеми по март 2019 година, на 566,000 барели во април 2019 година од 361,000 барели во март, покажуваат податоците на ЕИА.

Ова се случи веднаш по почетокот на максималниот притисок на САД врз Венецуела и Мадуро на почетокот на минатата година, кога администрацијата Трамп во суштина забрани американски увоз на венецуелска нафта и нафтени производи во обид да ги минимзира приходите од извоз на нафта во Венецуела и да ги намали приходите во американски долари за Мадуро и неговиот круг.

Во САД има побарувачка за нафта од Русија затоа што е поевтина од руската водечка сурова нафта „Урал“, која неодамна забележа скок во цената поради рекордните намалувања на производството на ОПЕК +.

Руското гориво се пренесува претежно во Мексиканскиот Залив – Хјустон и Галвестон во Тексас и Паскагула во Мисисипи, покажаа податоците од „Рефинитив Еикон“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 29 повредени кога траект од Капри удри во пристаништето во Неапол

Уапсени над 100 студенти на Универзитетот во Њујорк кои протестираа за Палестина

Цените на нафтата пораснаа откако Израел го нападна Иран