Утрински Весник
Македонија

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

„Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите кандидати“, напиша Прајс на Твитер.

Американскиот претседател, Џо Бајден, следната недела ќе се состане со првите луѓе на ЕУ во Брисел, а според најавите на дел од регионалните медиуми, на средбата ќе стане збор и за проширувањето на Унијата и почетокот на пристапните преговори за Македонија и Албанија.

Можете да прочитате

Левица: Уставниот суд се подготвува да ја зацементира цензурата врз нас

Мотоциклист загина во сообраќајка во Куманово

Јакимовски нема да оди на втори јули во „Шутка“ – судот ја разгледува медицинската документација