Утрински Весник
Свет

САД се повлекуваат од Ирак

САД се повлекуваат од Ирак

Американскиот претседател, Џо Бајден, објави дека американската воена мисија во Ирак ќе заврши до крајот на годината и посочи дека оваа одлука ја рефлектира реалноста на теренот повеќе отколку големите промени во надворешната политика на САД.

Ова соопштение од претседателот на САД следи по одлуката за повлекување на американските сили од Авганистан, по 20 години воен ангажман.

Американската воена интервенција во Ирак и Авганистан чинеше многу пари и ја спречи Америка да посвети поголемо внимание на сѐ посилната Кина, за што администрацијата на Бајден смета дека е најголемиот долгорочен безбедносен предизвик, објави „Асошиејтед прес“.

Зборувајќи пред новинарите за време на состанокот во Овалната соба со ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими, Бајден рече дека неговата администрација останува посветена на партнерството со Ирак.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД