Утрински Весник
Спорт

САД опен: Осака со пресврт ја среди Азаренка за титула во Њујорк

САД опен: Осака со пресврт ја среди Азаренка за титула во Њујорк

Предмалку заврши женското финале на Отвореното тениско првенство на САД. Нова шампионка во корона услови е јапонската тенисерка Наоми Осака која во моментов е 9-та на ВТА листата.

Таа во финалето кое траеше безмалку 2 часа ја совлада дваесет и седмата во светот на женскиот тенис во моментов, Викторија Азаренка.

Првиот сет со фуриозна игра и припадна на тенисерката од Белорусија со 6-1 по само 27 минути игра. Азаренка првиот сет го освои со три брејк гемови, а првиот беше уште при воведното сервирање на противничката.

Во вториот сет игра во ист ритам. Во вториот гем, Азаренка повторно успеа да направи брејк. Осака се обиде да возврати, и веќе во наредниот гем ја анулираше предноста на противничката.

Се играше гем за гем се до 3-3 по што Осака направи брејк за 4-3, а подоцна уште еден за конечни 6-3 по што резултатот на мечот беше израмнет, 1-1 во сетови.

Во третиот решавачки сет двете тенисерки ги освојуваа своите сервиси, се до 3-1 кога Осака направи брејк. Потоа следниот сервис беше во нејзина корист за 4-1, а шестиот гем се играше „цела вечност“. На крајот и припадна на Азаренка за намалување на водството на 4-2. Веднаш потоа следуваше и брејк за 4-3.

Осака одговори со ри-брејк за 5-3, по што сервираше за победа и шампионска титула. Конечни 6-3 по безмалку 2 часа игра во Њујорк.

Ова беше петти меѓусебен дуел на двете тенисерки, со денешниот триумф Осака поведе со 3-2.

> САД опен: Осака со пресврт ја среди Азаренка за титула во Њујорк <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига