Утрински Весник
Свет

САД и Украина „против“, Македонија „воздржана“ за антинацистичка резолуција на Русија во ОН

САД и Украина „против“, Македонија „воздржана“ за антинацистичка резолуција на Русија во ОН

Руската резолуција со која се осудува величањето на нацизмот беше усвоена од Генералното собрание на ОН со огромна поддршка, иако и САД и Украина се изјаснија против предлогот, пренесува РТ.

Сите делегации од земјите членки на ЕУ, вклучително и Германија, беа воздржани од гласањето, а и Македонија го следеше примерот. Многу други европски земји како Србија, Молдавија и Босна, како и Израел, ја поддржаа резолуцијата.

Генералното собрание на ОН ја усвои руската нацрт-резолуција за борба против величење на нацизмот, неонацизмот и другите практики што придонесуваат за разгорување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција, како дел од своето 75-то Генерално собрание.

Резолуцијата ги повика земјите-членки да усвојат законодавство за елиминирање на сите форми на расна дискриминација и се осудува „глорификацијата, во каква било форма, на нацистичкото движење, неонацизмот и поранешните членови на организацијата Вафен СС, како и ревизионизмот во однос на Втората светска војна.

Во ера на висока напнатост меѓу Русија и Западот, резолуцијата можеби изгледа нешто за што сите страни би можеле да се согласат. На крајот на краиштата, Советскиот Сојуз, Велика Британија и САД се бореа заедно за да ја поразат нацистичка Германија. Поразот на нацистите сè уште се слави во Русија со победничка парада секоја година, додека самото навестување за симпатии кон Третиот рајх некогаш можеше да стави крај на политичката кариера во САД и Велика Британија.

И покрај тоа, САД беа една од двете земји што гласаа против резолуцијата, заедно со Украина, додека 51 земја – меѓу нив и земји-членки на ЕУ – беа воздржани. Дури и Германија, за која канцеларката Ангела Меркел своевремено рече дека носи вечна одговорност за нацистичките злосторства, се воздржа од гласање.

За Украина, резолуцијата најверојатно се сметаше за политичка сопка. Неонацистичките групи се одлично претставени во украинската политика, а некои се обвинети за воени злосторства и тортура за време на граѓанската војна на југоистокот на земјата. Барем една од овие групи, баталјонот Азов, бил вооружен со американско оружје.

Сепак, САД тврдат дека нивното спротивставување на руската резолуција нема никаква врска со нивната поддршка за украинските неонацистички групи. Руските власти предлагаат иста резолуција секоја година, а САД секој пат се спротивставуваат на тоа, тврдејќи дека тие забрануваат величење на нацизмот со Првиот амандман од својот Устав, кој се однесува на заштитата на слободата на говорот.

Еден месец пред гласањето, американската мисија во ОН рече дека, иако нацизмот е масовно отфрлен од американскиот народ, дури и извиканите нацисти се заштитени со Првиот амандман. Дипломатите од Вашингтон, исто така, ја обвинија Русија дека ја користи резолуцијата за да им даде тежина на своите дезинформативни наративи за неонацизмот кај нејзините соседи.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд