Утрински Весник
Свет

САД и Тајван најавија почеток на официјални трговски преговори

САД и Тајван се договорија да започнат официјални трговски разговори за да постигнат значајни договори, како дел од новата иницијатива, а според официјален Тајпеј, ќе се разговара и за „економска принуда“ од Кина, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Американско-тајванската иницијатива за трговија во 21-от век првпат беше претставена во јуни, а двете страни сега рекоа дека „постигнале консензус за преговарачкиот мандат“, наведува британската агенција.

САД објавија дека ќе започнат официјални трговски разговори со Тајван, неколку недели по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која предизвика остри протести од Пекинг.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега