Утрински Весник
Свет

САД и Полска размислуваат за испраќање на борбени авиони за Украина

САД и Полска размислуваат за испраќање на борбени авиони за Украина

Соединетите Држави „активно размислуваат“ за договор со Полска за испраќање полски борбени авиони од руско производство во Украина, потврди американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен.

Украинските пилоти знаат како да летаат со борбени авиони од руско производство, а Америка би можела за возврат да испрати свои заменски авиони во Полска, рече Блинкен.

„Ние активно го разгледуваме прашањето за авионите што Полска би можела да ги испрати во Украина. Разгледуваме како можеме да ја компензираме Полска доколку одлучи да ги испрати тие авиони. Не можам да зборувам кога тоа би можело да се случи, но можам да ви кажам дека ние сме многу, многу активни со оглед на таа опција“, рече Блинкен.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните сојузници да и’ испорачаат борбени авиони на Украина за да можат да им се спротивстават на Русите во воздух.

Но, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека „секоја земја што ќе одобри користење на нејзините аеродроми во Украина за напади врз руските сили може да се смета за земја во конфликт“.

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори