Утрински Весник
Свет

САД: Изјавите на Ердоган за Израел се антисемитски

Ердоган: Ќе го мобилизираме целиот свет против Израел

САД остро ги осудија неодамнешните коментари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за еврејскиот народ и ги окарактеризираа како антисемитистички.

„Го повикуваме претседателот Ердоган и другите турски лидери да се воздржат од потпалувачки коментари што можат да предизвикаат понатамошно насилство. Антисемитската реторика никогаш не може да биде соодветна“, рече портпаролот на Стејт Департментот, Нед Прајс, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Турскиот претседател неодамна го критикуваше Израел за воздушните напади на појасот Газа и го нарече „терористичка држава“ и повика на воведување меѓународни санкции за Израел со цел да се запре, како што кажа, масакрот врз Палестинците.

Вчера, тој остро ја осуди австриската влада, бидејќи минатата недела го закачи израелското знаме на владината зграда во Виена, со цел да го поддржи Израел во ескалацијата на конфликтот со Палестинците.

Можете да прочитате

Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Над 200 загинати во поплавите во Шпанија

Поранешен фудбалер на Валенсија го загуби животот во поплавите во Шпанија