Утрински Весник
Економија

САД ги ставија „Тенсент“ и „Алибаба“ на листата на „озлогласени пазари“

САД ги ставија „Тенсент“ и „Алибаба“ на листата на „озлогласени пазари“

Сајтовите за е-трговија управувани од кинеските компании „Тенсент“ и „Алибаба Груп“ се ставени на американската листа на озлогласени пазарни ентитети кои наводно продаваат или олеснуваат продажба на фалсификувани стоки.

Списокот опфаќа 42 онлајн пазари и 35 физички пазари за кои е пријавено дека се вклучени или ја олеснуваат трговијата со фалсификувани трговски марки или пиратеријата на авторски права, објави Си-ен-би-си, повикувајќи се на соопштение од Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR).

Според соопштението на USTR, на листата се вклучени и „Алиекспрес“ и екосистемот за онлајн шопинг „Вичет“, два големи кинески интернет пазари кои наводно дозволуваат продажба на фалсификувани стоки.

Можете да прочитате

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%

Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци, а вработува партиски кадри пред изборите