Утрински Весник
Свет

Рјабков: Вашингтон ќе добие низа непријатни сигнали

Рјабков: Вашингтон ќе добие низа непријатни сигнали

Официјален Вашингтон во наредните денови ќе добие низа непријатни сигнали од Москва, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Американците треба да бидат свесни дека бројните сигнали од Москва – не зборувам за самитот сега, бидејќи не знам како ќе се одвива – ќе бидат непријатни за нив во следните неколку дена“, рече Рјабков, пренесува руската агенција ТАСС.

Неговите коментари доаѓаат само еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека кога ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во јуни, ќе изврши притисок врз него да ги почитува човековите права, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Спречен заговор за убиство на Орбан

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа