Утрински Весник
Спорт

Русо трагичар – Виљареал ја прегази Мајорка

Русо трагичар – Виљареал ја прегази Мајорка

Виљареал ја победи Мајорка со 3:0, во вториот меч од 22.коло во Примера. Натпреварот го обележа дефанзивецот на Мајорка, Франко Матијас Русо.

Аргентинецот, си постигна авто-гол и направи пенал поради кој беше исклучен.

Русо во 12.минута постига авто-гол со кој Виљареал дојде до предност. Водството го зголеми ману Тригерос во 34.минута.

Русо во 80.минута доби жолт картон, а шест минути потоа направи пенал, доби уште еден жолт картон и мораѓе да го напушти теренот.

Дани Парехо ги постави конечните 3:0.



> Русо трагичар – Виљареал ја прегази Мајорка <

Можете да прочитате

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале