Утрински Весник
Македонија

Руско министерство за одбрана: 21 платеник од Македонија се убиени во Украина

Руското Министерство за одбрана објави список на странски платеници кои се борат во Украина, а според тие информации досега 79 македонски државјани заминале да се борат, а 21 од нив загинале.

Според податовите, 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, додека во моментов на украинска страна се борат уште 39 лица, објавува РИА Новости.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал Игор Конашенков изјави дека Министерството за одбрана на Русија го следи престојот во Украина на секој претставник на, како што вели „меѓународен собир на коњаници без глави“.

Можете да прочитате

Вицепремиерот Фетаи исчезна од Владата, па се јави од Тајланд

Николоски и Трајановски доцна вечерва на терен: Од утре ја пуштаме во употреба клучка Требениште на автопатот Охрид – Кичево 

Познатите говеда од Кривопаланечко одат на лицитација