Утрински Весник
Свет

Руско Министерство: Го окупиравме Керсон

Руско Министерство: Го окупиравме Керсон
Dik 300x250 mk

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните војници го окупирале јужниот украински град Керсон, пренесе Би-Би-Си.

Доколку паднал Керсон, тогаш тоа е најголемиот град во Украина што руските сили досега го окупирале, пишува порталот. Во текот на ноќта во градот биле забележани руски војници, а градоначалникот на Керсон изјавил дека ја окупирале железничката станица и пристаништето.

Руски единици слетаа и во Харков, вториот по големина во Украина, ноќта меѓу вторникот кон средата, соопшти украинската армија, наведувајќи дека во тој град во источна Украина се водат постојани битки.

Како што соопшти Украина, нешто пред 4 часот наутро по локално време, руски војници слетале во Харков и ја нападнале болницата на воено-медицинскиот клинички центар на северот од градот.

Началникот на полицијата во Харков, Володимир Тимошко, изјави за новинарите дека ниту еден украински војник не загинал во престрелката, јавува Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп