Утрински Весник
Свет

Руски началник: Украинските био-лаборатории ja уништуваат документацијатa за опасните вируси

Руски началник: Украинските био-лаборатории ja уништуваат документацијатa за опасните вируси

Украинските био-лаборатории продолжуваат да уништуваат биолошки материјал и документација за истражување на опасните вируси, изјави рускиот началник Игор Кирилов.

„Се уште се добиваат информации за обиди за уништување на биоматеријали и документација во лаборатории во Украина. Знаеме дека за време на ликвидацијата во лабораторијата за ветеринарна медицина во Хлебодарско, на вработените, државјани на Украина, не им било дозволено ниту да влезат во зградата“, изјави Кирилов, началник за нуклеарна и хемиска заштита.

Според Министерството за одбрана на Русија, во обид да се прикријат трагите, биолошки отпад од лабораторијата во Хлебодарско е однесен на 120 километри кон западната граница во реонот на населбите Тарутино и Березино, пренесува Тасс.

Можете да прочитате

Брод со хуманитарна помош пристигна во Куба

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас