Утрински Весник
Свет

Руски научници работат на вакцина против коронавирус која може да штити 13 до 17 години

Руски научници работат на вакцина против коронавирус која може да штити 13 до 17 години

Руската Федерална медицинска и биолошка агенција работи на вакцина против коронавирус која развива клеточен имунитет, кој може да трае од 13 до 17 години, пренесува „Спутник“.

„Антителата обезбедуваат имунитет на вирусот само со месеци“, изјави Вероника Скворцова, шефица на Федералната агенција за биомедицина, за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.

„Стигнавме до првата верзија, сега се подготвуваме за клинички испитувања. Се надеваме дека ќе ги започнеме во втората половина на годината.

Исто така пристигна веста од Русија дека поднеле барање за одобрување на нова вакцина против коронавирус, „спутник лајт“ која обезбедува краткотраен имунитет и се дава во една доза. Целта на научниците беше да обезбедат што е можно поширок спектар на вакцини во најкус можен рок со цел да се стави под контрола пандемијата на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Напаѓачот на Фицо призна вина

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков