Утрински Весник
Свет

Руски лекари: Навални имаше низок шеќер во крвта

Руски лекари: Навални имаше низок шеќер во крвта

Главниот лекар во сибирската болница, каде што се лекува рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, изјави дека му било дијагностицирано метаболичко заболување кое е последица на ниското ниво на шеќерот во крвта.

Александар Мураховски, главен лекар во болницата во Омск, додаде дека на облеката и на прстите на Навални (44) биле пронајдени траги од индустриски хемиски супстанции.

Навални се разболе во авион на летот за Москва вчера, откако пиел чај на аеродромот во сибирскиот град Томск, поради што авионот итно морал да слета во градот Омск, каде што политичарот се уште е на интензивна нега и е приклучен на респиратор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот лидер на Шин Фејн, Гери Адамс, обвинет за нападите на ИРА во 1990-тите во Велика Британија

Халкбанк и американското обвинителство со договор за затворање на долгогодишниот судски спор

СЗО предупредува на влијанието врз здравјето од војната во Иран