Утрински Весник
Свет

Руски лекари: Му го спасивме животот на Навални

Руски лекари: Му го спасивме животот на Навални

Лекарите во болницата во сибирскиот град Омск, кои први го лекуваа лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, изјавија дека му го спасиле животот, но дека не нашле траги на отров во неговото тело.

Навални се разболе на крајот на минатата недела, а неговите соработници кажаа дека е отруен, по што беше префрлен во Германија за понатамошно лекување.

Главниот лекар на болницата во Омск, Александар Мураховски, рече дека тие со огромни напори го спасиле животот на Навални.

„Ако имаше некој отров чие присуство ќе беше потврдено во неговото тело, тоа ќе ја олеснеше нашата работа. Тоа би била јасна дијагноза и добро познат начин на лекување“, изјави официјалниот претставник на болницата во Омск, Анатолиј Калиниченко.

Руските лекари негираат дека биле под притисок на власта за време на лекувањето на Навални.

Соработниците на Навални ги обвинуваат лекарите за одложување на евакуацијата на политичарот во Германија. Лекарите првично рекоа дека тој не е во можност да патува.

Основачот на германската фондација „Кино за мир“, Јака Бизиj, изјави дека Навални, кој е сместен на клиника во Германија, ќе преживее, но дека нема да може да се занимава со политика во наредните месеци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот