Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Руски дипломат пронајден мртов во Берлин, се претпоставува дека паднал од прозор

Руски дипломат пронајден мртов во Берлин, се претпоставува дека паднал од прозор
300x250 opst2

Германската полиција откри тело на руски дипломат пред амбасадата на земјата во Берлин, пренесува Раша тудеј. Извештаите велат дека мажот паднал од прозорецот.

Според германскиот весник „Шпигел“, починатиот бил 35-годишен секретар во амбасадата.

Иако некои медиуми објавија дека телото е пронајдено утрово, „Шпигел“ пишува дека тоа се случило во вторникот наутро.

Информацијата за смртта на рускиот дипломат ја потврди и германското Министерство за надворешни работи, но не сакаше да ја коментира оваа вест. Претставник на германското одделение за надворешна политика изјави дека се уште нема коментари, со цел да се заштитат личните податоци на жртвата.

Според официјалната листа на дипломати, овој 35-годишник е акредитиран како втор секретар на амбасадата во Берлин од летото 2019 година. Меѓутоа, германските безбедносни власти го гледаа како маскиран офицер на руската тајна служба ФСБ. Се наведува и дека тој бил во роднинска врска со висок функционер на ФСБ.

Според извештајот на „Шпигел“, амбасадата не се согласила со обдукцијата на телото на дипломатот, а безбедносните кругови соопштија дека се непознати околностите за наводниот пад и причината за смртта.

Можете да прочитате

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина

Трамп: Грета Тунберг има проблем со гневот – треба да посети лекар

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ