Утрински Весник
Свет

Руски гимнастичар суспендиран во Катар поради носење воен симбол „З“

Рускиот гимнастичар Иван Кулијак доби едногодишна суспензија поради носењето на воениот симбол „З“ во Катар во март оваа година.

Кулијак освои бронза во финалето на вежбите на разбојот на Мундијалот во Доха и ја покажа буквата „З“ залепена на градите додека стоеше покрај Украинецот Илија Ковтун, кој освои злато, јавува Би-Би-Си.

Гимнастичарот сега мора да го врати медалот, но има право да поднесе жалба во рок од 21 ден.

Можете да прочитате

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори

Тешка автобуска несреќа во Франција