Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Руски власти: Навални закрепна од штрајот со глад, сега има 82 килограми

Руски власти: Навални закрепна од штрајот со глад, сега има 82 килограми
Img 7972

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални повеќе или помалку закрепна по 24-дневниот штрајк со глад, соопштија денеска руските затворски власти, давајќи ги првите информации за неговата состојба по скоро три недели.

„Неговото здравје повеќе или помалку се врати во нормала … Неговата тежина е веќе 82 килограми“, рече шефот на затворската служба (ФСИН), Александар Калашников.

Тој додаде дека Навални јаде нормално, може да комуницира со своето семејство, пренесува агенцијата ТАСС.

Последен пат Навални беше виден кон крајот на април преку видеоконференција на суд.

Тој во моментов издржува казна затвор од две и пол години во колонија лоцирана околу 100 километри источно од Москва.

Кога дојде во затвор во март, 44-годишникот тежеше 93 килограми, а на почетокот на штрајкот со глад 85 килограми.

Навални започна штрајк во знак на протест против лошите затворски услови и да биде прегледан од независни лекари поради здравствени проблеми.

Сопругата на Алексеј Навални, Јулија, изјави во средината на април дека опозиционерот тежел 76 килограми.

Навални го заврши штрајкот на 23 април откако му беше дозволено да се консултира со лекарите во цивилна болница.

Руските власти ги презедоа првите чекори оваа недела да ги исклучат приврзаниците на Навални од парламентарните избори, прогласувајќи ги неговите организации за екстремистички, за што се предвидени строги затворски казни.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација