Утрински Весник
Свет

Руските клинички испитувања на вакцината влегуваат во последната фаза

Руските клинички испитувања на вакцината влегуваат во последната фаза
Dik 300x250 mk

Руското Министерство за одбрана и Националниот центар за истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“ ја започнаа последната фаза од клиничкото испитување на вакцината против коронавирус.

Според соопштението на Министерството за одбрана, тестирањето на првата група доброволци кај кои е испитувана безбедноста и толеранцијата на вакцината, ќе заврши на 15 јули.

На друга група доброволци кај кои се тестира ефикасноста и имуногеноста на вакцината, ќе им биде инјектирана друга состојка на вакцината против коронавирус.

Во втората фаза, целта е да се зајакне имунолошкиот систем и да се продолжи ефектот на вакцината.

Волонтерите се чувствуваат добро, немаат никакви проблеми или несакани ефекти, а првата група ќе биде отпуштена од воената болница Бурденко откако ќе ги помине завршните тестови, пренесува ТАСС.

Резултатите од тестовите на вакцината за Ковид 19, спроведени на група волонтери во Русија, покажуваат дека тие развиваат имунитет на коронавирусот, се додава.

„Во согласност со протоколот за истражување, доброволците редовно се тестираат на антитела и клеточен имунитет. Податоците покажуваат дека доброволците од првата и втората група стекнуваат имунолошки систем по инјектирање на вакцината против коронавирус“, изјави руското Министерство за одбрана.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени