Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Руските и кинеските вакцини нема да важат за „зелените пасоши“ во Австрија

Австријците подготвени да надоместат за одморот пропуштен минатата година
300x250 opst2

Австриското министерство за здравство појасни дека лицата кои биле вакцинирани во странство со руска или кинеска вакцина против коронавирусот нема да бидат третирани како вакцинирани, односно нема да можат да користат угостителски услуги, хотели и фризери без негативен тест.

Вакцините кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), како што е руската „Спутник в“ и кинеската „Синофарм“, нема да можат да бидат вклучени во „зелените пасоши“, што Австрија ги воведува како своевиден билет за угостителски објекти, базени и хотели.

Сите оние кои во странски земји се вакцинирале со овие вакцини, ќе треба да бидат тестирани пред да ги користат слободите што ќе се овозможат по олеснувањето на мерките на 19 мај, соопшти Министерството.

Исто така, Министерството не советува лицата вакцинирани со руски или кинески вакцини да бидат повторно вакцинирани во Австрија.

Инаку, во т.н. „зелен пасош“ ќе има доказ за вакцинација, негативен тест или доказ за прележан Ковид-19.

„Само оние вакцини одобрени од ЕМА ќе бидат валидни како доказ за вакцинација, а тоа се вакцините ‘Бионтек-Фајзер’, ‘Модерна’, ‘Астра зенека’ и ‘Џонсон и Џонсон’“, објави Министерството.

Граѓаните кои се вакцинирале со „Спутник“ или „Синофарм“, како што соопшти Министерството, нема да можат да ги внесат овие вакцини во „зелениот пасош“ и нема да се третираат како вакцинирани, т.е. нема да можат да ги уживаат правата на вакцинираните.

„Широка понуда на тестирање е исто така достапна за луѓето кои доброволно биле вакцинирани со вакцини што не се одобрени во ЕУ“, изјави министерот за здравство Волфганг Микштајн во изјава за агеницјата АПА.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната