Утрински Весник
Свет

Рускиот претседател потпиша указ – контрамерки против непријателските држави

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за примена на одмазднички економски мерки поради непријателските дејствија на „одредени странски држави и меѓународни организации“.

Уредбата им забранува на федералните власти да водат бизнис со правни и физички лица во однос на кои се применуваат посебни економски мерки.

Забрането е и исполнување на обврските кон лицата кои подлежат на санкции за извршените трансакции, дури и ако тие не се исполнети или не се целосно исполнети, пренесува РТ.

Дополнително, документот не дозволува финансиски трансакции, од кои корист имаат луѓето под санкции.

Во исто време, уредбата забранува извоз на производи и суровини произведени во земјата надвор од Русија, доколку тие се испорачуваат во корист на лица под санкции.

Прописот влегува во сила со денот на објавувањето, важи до укинувањето на посебните економски мерки.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа