Утрински Весник
Свет

Рускиот преговарач најави четврта рунда преговори: Ќе се одржат многу набргу

Рускиот преговарач најави четврта рунда преговори: Ќе се одржат многу набргу

Четвртата рунда преговори со Украина се очекува во многу, многу блиска иднина, изјави рускиот преговарач, пренесува „Ројтерс“.

Рускиот преговарач Леонид Слуцки потврди дека набргу ќе се одржи уште една рунда преговори, но не прецизира точен датум.

„Следниот четврти круг ќе се одржи во Белорусија во многу, многу блиска иднина“, изјави Слуцки за руската државна телевизија.

Тој рече дека сѐ уште нема да го каже точниот датум и дека тој може да се дефинира утре.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија