Утрински Весник
Свет

Рускиот лек против коронавирус е пред втората фаза на тестирање

Рускиот лек против коронавирус е пред втората фаза на тестирање

Руската Федерална медицинско-биолошка агенција се надева дека оваа година лекот против коронавирусот „Мир-19“ ќе биде регистриран, изјави денеска директорот на Институтот за имунологија при таа агенција, Муса Хаитов.

Хаитов, кој е член на Руската академија на науките, изјави за „Раша Тудеј“ дека ефикасноста на лекот ќе се изучува во текот на втората фаза од испитувањето, но тој посочи дека е тешко да се каже кога ќе заврши тестирањето.

„Ќе вложиме максимални напори да почнеме со втората фаза што е можно поскоро, и постојат сите предуслови за тоа, бидејќи лекот се покажа како многу ефикасен за време на претклиничката фаза. Ќе го регистрираме штом заврши втората фаза , Се надевам оваа година “, нагласи Хаитов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Според индиските медиуми еден патник ја преживеал авионската несреќа

Убиецот во Грац живеел многу повлечен живот, бил страствен гејмер

ЕУ планира драстично да ги зголеми цените на цигарите