Утрински Весник
Економија

Рускиот гас повторно тече преку Северен тек 1 кон Европа

Dik 300x250 mk

Портпаролот на австриската ОМВ рече дека Гаспром сигнализирал оти ќе испорача околу 50 отсто од договорените количини на гас во четврток, што е на нивото видено пред гасоводот да биде затворен заради ремонт.

dobivaj vesti na viber

Рускиот гас денеска продолжи да тече низ најголемиот гасовод меѓу Русија и Германија по 10-дневно исклучување поради редовното годишно одржување, соопшти операторот, намалувајќи ја загриженоста дека периодот на одржување ќе биде продолжен.

Имаше голема нервоза во Европа околу тоа дали гасоводот Северен тек 1 ќе биде рестартиран по годишното одржување, при што владите се подготвуваа за можни дополнителни намалувања на снабдувањето.

Нарачани 29,28 милиони киловат-часови гас за испорака преку Северен тек 1

Нарачките за испорака на гас од Русија до Германија преку гасоводот Северен тек 1 утринава изнесуваат 29.284.591 киловат-часови (KWh) на час помеѓу 6:00 и 7:00 часот, во споредба со нула KWh еден час порано, покажа податоци од веб-страницата на операторот.

Вистинските податоци за физичкиот проток за претходниот временски период од 4:00 до 5:00 часот не се ажурирани и се на нула, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошничка над 65.000 денари

ИНДУСТРИЈА СО 452,6 МИЛИОНИ ЕВРА ПРИХОДИ: Кој ја држи тутунската каса на Македонија?

Фриленсерите не чекаат можности, туку ги создваат