Утрински Весник
Свет

Рускиот Арктик забележа рекордни температури до 38 степени

Рускиот Арктик забележа рекордни температури до 38 степени

Рускиот Арктик во јуни забележа рекордни температури што предизвика големи пожари во тундрата, изјави директорот на руската метеоролошка служба, поврзувајќи ги невообичаените аномалии со климатските промени.

„Имавме исклучително невообичаени временски услови во јуни и рекордите беа лесно урнати“, рече Роман Вилфанд на прес-конференција во Москва.

Тој посочи нов рекорд во арктичкиот град Верхојанск, каде што се измерени 38 степени на 17 јуни.

„Тоа е неверојатно“, рече тој, прецизирајќи дека рекордна ниска температура од 67,8 степени под нулата е измерена во тој град кон крајот на 19 век.

Неколку региони во северна Русија, вклучително и области во Република Јакутија на брегот на Атланскиот Океан, се соочуваат со топлотен бран во последните неколку недели. Селата во тундрата, областите покриени со трева и ниска вегетација карактеристична за Арктикот, се соочуваат со големи пожари.

Текстот Рускиот Арктик забележа рекордни температури до 38 степени е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Папата Франциск ја нарече „драматична и жална“ ситуацијата во Газа

Добитник освоил џекпот од 112 милиони долари на лотарија во САД

Афера го тресе Пентагон, клучен советник буквално истеран од зградата