Утрински Весник
Свет

Рускиот амбасадор во Белград го информирал Вучиќ за причините за недоаѓањето на Лавров

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Србија, кој го информираше за причините што го спречија доаѓањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Србија, пишуваат медиумите во соседството.

Според написите, рускиот амбасадор донел и документи со кои ги поткрепува информациите.

Како што е најавено, повеќе детали Вучиќ ќе објави во вечерашното гостување на една од српските телевизии.

Медиумите потсетуваат дека Сергеј Лавров денеска требаше да дојде во Србија, а според информациите кои се појавија во медиумите, причината за неговото отсуство е тоа што Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија ги забранија летовите над тие земји.

Можете да прочитате

Цела Куба остана без струја

Путин не знае кога Русија ќе ја победи Украина

Скандал во Турција: Разбиена банда што злоупотребувала бебиња и пациенти на интензивна нега за профит