Утрински Весник
Спорт

Руска телевизија прекина ТВ пренос од Бундеслигата поради пораката „Стоп за војната, поддршка за Украина“

Руска телевизија прекина ТВ пренос од Бундеслигата поради пораката „Стоп за војната, поддршка за Украина“

Руска телевизија го прекинала директниот пренос од мечот меѓу Борусија Дортмунд и Лајпциг (1:4) од Бундеслигата, затоа што на рекламните паноа се појавила пораката „Стоп на војната, поддршка за Украина“.

Преносот бил прекинат уште во 13. минута од натпреварот, а коментаторот Игор Китманов кажал дека истиот нема да продолжи.

„За жал мора да го прекинеме преносот поради работи кои не се во наша контрола. Спортот не смее да се меша со политиката, но Бундеслигата не го почитува тоа“, кажа коментаторот.

> Руска телевизија прекина ТВ пренос од Бундеслигата поради пораката „Стоп за војната, поддршка за Украина“ <

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења