Утрински Весник
Свет

Руската амбасадорка му се извинила на Петков

Руската амбасадорка му се извинила на Петков

Премиерот Кирил Петков ја покани амбасадорката на Русија во Софија, Елеонора Митрофанова, порачувајќи и’ да се придржува до општоприфатените норми за дипломатска комуникација и побара таа да се однесува со должна почит и да не користи навредливи квалификации кон бугарските институции.

Амбасадорката Митрофанова му се извини на премиерот, пишува БГНЕС.

Премиерот изрази и огорченост што во официјалната честитка до Бугарија на 3 март, руската амбасада ја споредила војната во Украина со ослободувањето на Бугарија, соопшти владината прес-служба.

„Нашата благодарност до рускиот народ за ослободувањето не може да се потцени со споредба со денешната братоубиствена војна во Украина“, нагласи тој. Петков инсистираше амбасадата на Руската Федерација да не се меша во внатрешната политика на Бугарија, во согласност со меѓународните конвенции.

Можете да прочитате

Рубио: САД не сакаат договор со Иран по секоја цена

ИРГЦ: Секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има дозвола од Иран

Раздор меѓу Трамп и Нетанјаху: Привремен спор или пресвртница за односите меѓу САД и Израел