Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Руската амбасада изненадена од изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска

Руската амбасада изненадена од изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска
Dik 300x250 mk

Од руската амбасада во земјава велат дека со изненадување ги следат изјавите кои последните денови ги дава министерката за одбрана, Славјанка Петровска во однос на ситуацијата со Украина.

За руското дипломатско претставништво спорни се две изјави на министерката од 23 и 24 јануари при што првиот пат посочила дека „поставувањето на вооружените сили од страна на Руската Федерација е провокативно и има дестабилизирачко дејствување“, а во втората изјава најавила „изготвување на анализи за можностите за потенцијално учество“ на Армијата на во случај на „руска инвазија на Украина“.

„Русија никогаш никаде не му се заканувала на украинскиот народ и нема намера да презема никакви агресивни дејствија. Со други зборови, нема да извршиме напад, инвазија или да ја погодиме Украина. Во однос на руските трупи – тие се движат низ сопствената територија и имаат целосно право на тоа.

Што се однесува до Украина, Киев продолжува тврдоглаво да ги избегнува своите обврски од Договорите од Минск, кои вклучуваат, особено, воспоставување директен дијалог со Донецк и Луганск и внесување во Уставот посебен статус на Донбас. Доследно и целосно спроведување на ‘Пакетот мерки’ од Минск од 2015 година како безалтернативна основа за разрешување е неопходен услов за решавање на внатреукраинската криза“, посочуваат од руската амбасада во земјата.

Во соопштението се објаснува дека Русија гледа ризик во тоа дека Украина ќе стане поинтегрирана во НАТО, дури и без да добие формален статус на членка на алијансата.

„Тоа е она што директно влијае на безбедносните интереси на Русија. Постигнувањето на пресврт во оваа ситуација е во фокусот на нашето внимание. Ова е основата на нашите предлози за обезбедување цврсти, правно обврзувачки гаранции за безбедност од страна на САД и НАТО“, посочуваат од руската амасада од каде изразуваат надеж дека министерката Петровска ќе ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите на министерството со кое раководи.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени