Утрински Весник
Спорт

Русија ја победи Црна Гора, Норвешка ја совлада Унгарија

Русија ја победи Црна Гора, Норвешка ја совлада Унгарија

Норвешка-Русија е првата полу-финална двојка на женскиот ракометен турнир во Токио. Фаворитките во четврт-финалето славеа против Црна Гора, односно Унгарија.

Унгарките одиграа храбро против фаворизираните Норвежанки. Унгарија беше во игра се до последните десет минути, кога блесна на голот на Норвешка, 41-годишната Катрин Лунде. Со три одбрани таа им овозможи на соиграчките да создадат предност од 24:21.

До крајот предноста не ја испуштија и победија со 26:22.

Кари Бретсет со седум гола беше најефикасна Норвежанка, Унгарија ја предводеше Сандра Сокоши со пет голови.

Актуелните олимписки шампионки, репрезентативките на Русија славеа над Црна Гора со 32:26. Русинките добро влегоа во натпреварот, ги казнуваа сите грешки на Црногорките, водеа со 7:1, 12:5, 13:6.

Сепак во финишот на полувремето Црногорките фатија приклучок, во вториот дел влегоа со минус од два гола (17:15).

Вториот дел донесе голема борба, Црна Гора ги притискаше противничките но не успеваше да израмни, во финишот промашија неколку отворени шутеви со што им овозможија на Русинките да создадат предност од шест гола.

Ана Верхиева со осум и голманката Ана Седојкина со 12 интервенции беа најдобри во рускиот состав, кај Црна Гора блескаше поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ со 10 голови, Ѓурѓина Јауковиќ постигна осум.

> Русија ја победи Црна Гора, Норвешка ја совлада Унгарија <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција