Утрински Весник
Свет
Img 7972

Русија сака НАТО да се повлече од Бугарија и Романија

Русија сака НАТО да се повлече од Бугарија и Романија
Img 7972

Безбедносните гаранции што Русија ги бара од Запад за повлекување на странски војници, оружје и опрема важат и за Бугарија и Романија како две земји кои не беа членки на НАТО во 1997 година, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Москва бараше правно обврзувачки гаранции од НАТО дека блокот ќе престане да се шири на исток и ќе се врати на границите од 1979 година.

На прашањето што значи тоа за Бугарија и Романија, кои се приклучија на НАТО по 1997 година, Министерството соопшти дека Русија сака сета странска опрема и војници да се повлечат од тие земји, додаде „Ројтерс“.

„ Станува збор за повлекување на странски војници, опрема и оружје, како и за други чекори насочени кон враќање на состојбата од 1997 година во земјите кои во тоа време не беа членки на НАТО. Тоа ги вклучува Бугарија и Романија“ – истакна Лавров.

Можете да прочитате

Германска градоначалничка избодена со нож

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород