Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Русија протера македонски дипломат

Русија протера македонски дипломат
300x250 opst2

В.Д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во руското МНР, каде ѝ била врачена нота, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“, информираа преку социјалните мрежи од амбасадата на Русија во земјава.

„Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ‘персона нон грата’ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година“, појаснуваат од руското дипломатко претставништво.

Случајот од август беше втор случај годинава руски дипломат да биде протеран од државата.

Министерот Бујар Османи во таа прилика рече дека информацијата е од доверлив карактер и не може да даде детали за причината за протерувањето.

Претходно на 18 мај годинава, Северна Македонија прогласи друг руски дипломат за непожелна личност во земјата, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи.

Тогаш, Русија возврати на 10 јуни соопштувајќи дека дипломат вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва е прогласен за непожелна личност.

Можете да прочитате

Тошковски од ГП „Табановце“: Со „One Stop“ системот неколкукратно намалено времето на чекање

„Мајка“ на Стругар Митевска селектиран на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио

Триумфално завршување на Балканската турнеја на НУ Ансамбл „Танец“