Утрински Весник
Свет

Русија протера агент на украинската разузнавачка служба, сакал да ја наруши безбедноста

Русија протера агент на украинската разузнавачка служба, сакал да ја наруши безбедноста
Dik 300x250 mk

Во Русија бил откриен агент на украинските разузнавачки служби, кој подолго време давал советодавна помош на Службата за безбедност на Украина со цел да ја наруши безбедноста на Руската Федерација, објави Федералната служба за безбедност на Русија.

При претресот, Федералната служба за безбедност на Русија ги прекинала разузнавачките и субверзивни активности на државјанинот на Украина, Семенјак Алексеј Петрович, кој работел во интерес на украинските разузнавачки служби“ се наведува во соопштението.

Забележано е дека при претресот биле одземени електронски уреди со пораки од службеници на СБУ кои им нуделе помош во решавањето на нивните работни проблеми со цел да се наруши безбедноста на интересите на Русија. Според изјавата на ФСБ, за време на испрашувањето, Семенјак потврдил дека одржувал долгорочни односи со претставниците на националната разузнавачка служба и дека им пружал разновидна советодавна помош.

Исто така, се посочува дека при претресот бил забележан и спречен обид на трети лица за далечинско отстранување на податоци од неговиот мобилен телефон.

Поради мерките преземени од ФСБ, Семењак не успеа да и наштети на надворешната безбедност на Русија. Неговиот престој на територијата на Руската Федерација беше обележан како непожелен и му беше забранет влез во земјата за период од 25 години. Семењак ја напушти Русија на 3 јуни, се вели во соопштението на ФСБ.

Утврдено е дека неговите активности долго време ги координирале агенти на украинската контраразузнавачка служба.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил